Saturday, Apr 20, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисХјуит се уште не е спремен да каже збогум

Хјуит се уште не е спремен да каже збогум

Австралискиот тенисер Лејтон Хјуит пред два дена ја зaврши својата кариера во сингл, но таа во дабл се уште трае. Хјуит заедно со својот сонародник Сем Грот се пласираше во третото коло на натпреварувањето во оваа конкуренција, со победа над осмите носители Финецот Хенри Континен и уште еден австралиски тенисер Џон Пирс со 2:6, 6:4, 6:4. Финско-aвстралиската комбинација одигра одличен прв сет за подоцна Хјуит и Грот да се вратат и да го добијат овој натпревар на одличен начин. Нивни наредни ривали во ова натпреварување ќе бидат Канаѓанецот Васел Попишил и Џек Скок од Соединетите Американски држави.