Friday, Apr 19, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмHitman: Agent 47 – Конечно добар филм за култната игра

Hitman: Agent 47 – Конечно добар филм за култната игра

Овој викенд публиката ќе има можност да го погледне новиот акционен филм Hitman: Agent 47 кој се базира на култната видео игра и ќе биде втор обид да се прикаже светот не генетски модифицираниот супер убиец кој се одметнува од својата агенција.

Според првиот трејлер гледаме висок адреналин од брзата акција, како и од елементите од видео играта кои се одлично доловени. Главниот актер Руперт Френд одлично се покажа во хит серијата Homeland и има потенцијал за квалитетна акција и достојна глума. Покрај него ќе се појават и Хана Вер и Закари Квинто, а режијата е дело на Александар Бах.