Friday, Apr 19, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмХит серијата Prison Break се враќа со истата екипа

Хит серијата Prison Break се враќа со истата екипа

Можеби денешната генерација на фанови на ТВ серии не ја памти Prison Break, но мора да се истакне дека токму оваа серија беше една од првите заедно со Lost и House кои ја зголемија популарноста кај македонската публика за американски шоуа. Затоа добра вест е што Prison Break ќе се врати на екраните со нова сезона и старата актерска екипа.

prison-break-2

Сега мора да ви откриеме еден важен „спојлер“. Во финалето на четвртата сезона главниот лик Мајкл Скофилд се жртвуваше себеси за Сара да избега од затвор, но очигледно во телевизискиот свет се е возможно и овој омилен лик игран од Вентворт Милер ќе се врати во серијата со нови предизвици.

Исто така потврдено е и враќањето на неговиот брат игран од Доминик Пурсел. Инаку овие двајца актери сега се актуелни со новата серија Lеgends of Tomorrow правена според стриповите на DC Comics, па добро е да ги видиме повторно во акција.