Tuesday, Mar 28, 2017
HomeАНТИСТРЕСШтосноХит на интернет: Хрват дојде со кревет на плажа

Хит на интернет: Хрват дојде со кревет на плажа

hrvatska plaza

Несекојдневната ситуација се случила на плажата Коловаре во Задар, каде маж на плажа се појавил со кревет, на кој легнал и притоа се сончал.

Фотографијата е објавена во групата Дневна доза просечен Далматинец на Фејсбук, каде за помалку од еден час собрала речиси 4.000 лајкови.

Многумина во коментарите се прашувале која била идејата да се направи ваква лудост, а некои дури си помислиле дека можеби станува збор за желба на некој болен од блиската болница во Задар за да ужива на плажата. На креветот наводно имало и камера па можно е на интернет наскоро да се појави и снимка која ќе го објасни овој необичен потег.

Сепак, нема сомнежи дека овој кревет денес е најнеобичниот морски реквизит на една од најпрометните плажи во Задар.