Friday, Apr 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈАвтомобилизамХибридните возила на Toyota најевтино се оддржуваат

Хибридните возила на Toyota најевтино се оддржуваат

Германската агенција Tec-RMI спроведе темелно испитување за трошоците на оддржување на хибридните возила од повеќе производители. Од интерес беа хибридите постари од три години и со изминати над 120 илјади километри. Според резултатите, од испитаните хибридни возила само Toyota Auris Hybrid и Lexus IS 300h имаат пониски трошоци на оддржување од истите модели опремени со бензиски или дизел варијанти.

Најекономичен во тој поглед е “лексусот“ кај кого сопствениците можат да заштедат и до илјада евра. Пониските трошоци на тојотините хибриди се должат на отсуството на стартер и алтернатор кои се заменети со еден уред кој не бара никакво оддржување.
f7-2200x1200Потоа, кај бензиските мотори за погон на брегастета оска е употребен синџир наместо назабен ремен, а тој знаеме дека нема потреба да се менува. Уште неколку технички решенија одат во прилог на поевтиното оддржување на хибридните возила:

– Електронски контролираните сопирачки опремени со систем за регенерација, поради електро-магнентиот системот на работа, многу помалку ги трошат плочките;

– Пневматици со стандардни димензија. Поради добрата дистрибуција на тежината а и поради нивниот квалитет, тие се трошат рамномерно па можат без проблем да се возат и до 50 илјади километри;

– Издувниот систем изработен од квалитетен нерѓосувачки челик може без никаков проблем да издржи петгодишна екплоатација.

– Вградените LED светла имаат век на траење од 20 години.

Да, воглавно тоа се компонентите кои пресудно влијаат на поевтината експлоатација на хибридните возила на Toyota. Да се надеваме дека не мора да поминат уште 15 години за да се увериме во предностите на возилата што користат горивни ќелии (Toyota Mirai) а кои токму сега (13.08) настапуваат на европскиот пазар.

извор:Autoinfo.mk