Wednesday, Apr 24, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаХераклеа пропратена од звуците на Љубојна

Хераклеа пропратена од звуците на Љубојна

На 1. август со почеток од 21 часот во античкиот театар на археолошкиот локалитет Хераклеа ќе се одржи концерт на групата Љубојна.

Во проектот „Шербет Љубојна“ ќе гостува Исмаил Лумановски, кој заедно со членовите од „Љубојна“ ќе се обидат на публиката да ѝ ја доловат богатата чалгиска историја на Битола.

Овој концерт е дел од свеченото затворање на фестивалот „Илинденски денови“.