Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаХЕРА конференција: Сведоштво на жена погазена од законот за абортус

ХЕРА конференција: Сведоштво на жена погазена од законот за абортус

Со сведочење на жена на која не и било дозволено да го абортира плодот за кој имала медицински сознанија дека е со аномалии, во Скопје се одбележа 28 септември, глобалниот ден за акција и пристап до безбеден и легален абортус, во организација на Х.Е.Р.А која посвети целоднвена конференција на оваа тема.

Владата не престанува да се меша во правото на жената да одлучува за сопственото тело и со кампањите против абортус продолжува да ги жигосува и дискриминира жените, како и да им ја одзема родовата рамноправност. Кампањите во комбинација со Законот за спречување на бременост, кој беше донесен во 2013 година, се поставуваат рестриктивно кон жената и ја ограничуваат сама да донесе избор, велат поборниците за човекови права.

Владините анти-абортус кампањи се еден од најголемите проблеми на кој посочија невладините организации кои денеска го одбележаа Глобалниот ден за акција за пристап до безбеден и легален абортус. Од Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување ХЕРА бараат измена на законот за абортус, а од Владата бараат да го сопре производството и емитувањето на ТВ спотови кои пропагираат анти-абортус политика и кои им сугерираат на жените што да изберат.

На денешната национална конференција во организација на ХЕРА, беа присутни и говореа претставници од речиси сите политички партии, но не и од ВМРО-ДПМНЕ. Од владејачката партија не било ниту одговорено на поканата, додека Теута Арифи од ДУИ го откажала присуството.

Во продолжение, ставот на Х.Е.Р.А и сведоштвото на жена директно засегнаа од овој закон.


Дочитајте на А1он