Wednesday, Apr 24, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисХенман: Федерер и Надал можат да му парираат на Џоковиќ

Хенман: Федерер и Надал можат да му парираат на Џоковиќ

Поранешниот најдобар британски тенисер Тим Хенман изјави дека Новак Џоковиќ е незапирлив во овие моменти, но и дека постојат тенисери кои би можеле да му парираат. Џоковиќ во неделата го освои Австралијан Опен, односно својот 11 Грен слем, а со таа титула уште еднаш ја демонстрираше својата доминација. „Федерер играше многу константно на Грен Слем турнирите последните неколку години. Но, секогаш Џоковиќ му беше таа последна препрека и беше едноставно премногу добар. Џоковиќ е без сомневање најдобар на светот и играч кој сите сакаат да го победат. Федерер и Надал мораат да пронајдат начин да го победат, без соменевање тие се негова најголема конкуренција“, истакнка Тим Хенман.