Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаХелсиншки комитет: Одлуката на Врховен е донесена под политички притисок

Хелсиншки комитет: Одлуката на Врховен е донесена под политички притисок

Хелсиншкиот комитет на Македонија реагира на одлуката на Врховниот суд со која се укина притворот на бизнисменот Сеад Кочан, кого го гони СЈО.

Одлуката, според Хелсиншки, е незаконска. Тие се сомневаат дека таа е донесена под политички притисок.

Хелсиншкиот комитет, исто така, нотира дека Основното јавно обвинителство не смеело да бара укинување на притворот на Сеад Кочан бидејќи истрагата за случајот „Труст“ ја води Катица Јанева.

„Постапувањето на Врховниот суд отвора сериозен сомнеж за политички влијанија за усвојување на незаконското решение што произлегува од прераспределувањата на судии во Врховниот суд и Основниот Суд Скопје I, непосредно пред усвојувањето на решенијата, односно за време на целокупната постапка што сега треба да биде повторена. Потсетуваме дека поради предлози за разрешување судии поднесени од претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, во неговиот претходен мандат (2008-2012) и неговото гласање за прифаќање на таквите предлози, државата изгуби два предмета пред Европскиот суд за човекови права. Во предметите Митриновски против Македонија од 2015 година и Попчевска-Геровска против Македонија од 2016 година, Судот во Стразбур го прогласи целиот Судски совет за зависен и пристрасен затоа што прифатил претседателот на Врховниот суд да биде и предлагач и гласач во постапка за разрешување судии“, се вели во реакцијата на Хелсишкиот комитет.