Tuesday, Apr 16, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмHellboy 3 мора да биде снимен за епска завршница на трилогијата

Hellboy 3 мора да биде снимен за епска завршница на трилогијата

Фановите речиси 10 години очекуваат трето продолжени на франшизата Hellboy со што ќе се стави епска завршница на приказната за необичниот херој, син на ѓаволот. Режисерот Гиљермо Дел Торо и актерот Рон Перлман прават огромни напори да добијат подршка од фановите која треба да се пренесе и кај студијата од Холивуд кои се уште не се спремни да превземат ризик и да вложат 120 милиони долари во филмот.

Проблемот е што Hellboy 2: The Golden Army не заработи огромни пари во кино салите, но затоа пак има верна армија на фанови кои ќе го купат филмот на DVD или Blue ray. Надежта се уште постои и Дел Торо вети дека ќе направи се за филмот да се реализира во 2017-та.