Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионХашим Тачи ќе ја замени Јахјага

Хашим Тачи ќе ја замени Јахјага

Косово доби нов председател. Шефот на косовската дипломатија и лидер на Демократската партија на Косово, Хашим Тачи ќе ја замени Јахјага, тој е одбран за нов претседател на Косово. Тачи дури во третиот круг на гласање во Собранието на Косово успеа да го добие простото мнозинството на гласови. Така од вкупно 81 пратеник, тој доби 71 глас.

Опозицијата на неколку пати ја блокираше работата на Собранието со солзавец за што најголемиот број на пратениците од опозицијата беа исфрлени од Собранието. Новиот косовски претседател Хашим Тачи пред пратениците по изборот нагласи дека тој ќе се ангажира Косово да се интегрира во сите институции на ЕУ и НАТО. Воедно Тачи додаде дека САД остануваат главен стратешки партнер на Косово. Според уставот на Косово претседателскиот мандат е пет години.

Тачи беше избран од третиот обид, со гласовите на листата на Србите во парламентот, бидејќи му беа потребни минимум 80 гласа. Овој потег на Србите е изненадувачки, ако се знае дека Тачи остро се спротивставуваше да се формира Заедница на српски општини на Косово. Згора на тоа, за време на војната во 1999 година тој беше еден од главните борци на ОВК, која ликвидира голем број Срби, а токму Хашим беше посочуван како главен „трговец“ со органи на убиени Срби во познатата „жолта куќа“ во Албанија.

На улиците на Приштина, пак, се случуваа големи немири и судири на протестантите со полицијата. Во судирите на приврзаниците на опозицијата со полицијата се повредени 11 полицајци и 35 цивили, соопшти Косовската ТВ.