Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалХарт од борба за титулата до борба за опстанок!

Харт од борба за титулата до борба за опстанок!

Според последните информации Џо Харт нема да се пресели во Ливерпул, бидејќи и „Карамелите“ и „Црвените“ се откажале од овој трансфер. За Харт нема повеќе место на „Етхид“ и тоа е јасно како ден. Пристигна Браво, Кабаљеро има предност пред англичанецот, па Харт после една деценија помината на „Етихад“ ќе мора да ја промени средината.

Прв во редот за неговите услуги беше Евертон, но тимот од „Гудисон“ се одлучил да му даде шанса на Стекеленбург, веројатно поради големата плата на англискиот репрезентативен голман. Беше споменуван и Ливерпул, но Клоп ги демантираше гласините порачувајќи дека не му е потребен нов чувар на мрежата.

Сега веќе останаа многу малку опции за 29-годишниот голман, но неговиот сакан клуб е подготвен да му помогне на неговиот следен клуб кога е во прашање платата на Харт. Тие се подготвени да плаќаат дури 90 илјади фунти од неговите 120 илјади, колку што заработува на неделно ниво, а тоа посебно му се допаѓа на Дејвид Мојс.

mojs

Имено, Сандерленд е во големи проблеми, Вито Маноне е повреден, а се очекува да отсуствува и до три месеци. Прва опција стана младиот Пикфорд, што и не е некое идеално решение, посебно не за екипа која ќе се бори за опстанок. Па така, Дејвид Мојс ја виде својата шанса и тргна по дефинитивно најдобрата опција за оваа позиција која моментално е достапна на пазарот.

Харт би пристигнал како позајмен фудбалер, а секако би бил прва опција во Сандерленд и со тоа би си го зачувал и местото прв голман во англиската репрезентација.