Tuesday, Apr 16, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалХарт: Бевме одлични во овој двомеч

Харт: Бевме одлични во овој двомеч

Getty Images

Голманот на Манчестер Сити Џо Харт изјави дека неговиот тим заслужено поминал во следната фаза од Лигата на шампионите со вкупен триумф над Парис Сен Жермен од 3:2. После ремито во Франција со резултат од 2:2, Манчестер Сити до пласман во полуфиналната рунда дојдоа со голот во реванш натпреварот на Кевин де Брујн. „Неверојатна вечер за нас. Вредно работевме во ова натпреварување. Имавме проблеми на почетокот, но од тогаш сме многу подобри“, изјави Џо Харт.

„Треба да му се оддаде почит и на Парис Сен Жермен, тие го направија овој двомеч фантастичен. Навистина мислам дека бевме одлични, целиот тим беше одличен, дури и оние играчи кои не беа на клупата“, додаде Харт. Јунакот на овој триумф се сложи со голманот на својот тим и истакна дека Сити ги очекува тежок предизвик во полуфиналната рунда. „Чувството е неверојатно. Одигравме одличен натпревар. Парис Сен Жермен немаше многу прилики и мислам дека заслуживме да поминеме. Во полуфиналето може се да се случи, но се радувам што сме таму“, нагласи Де Брујн.