Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаХаос во Турција: Убиени 15 турски војници од страна на курдски милитанти, свикана е итна седница

Хаос во Турција: Убиени 15 турски војници од страна на курдски милитанти, свикана е итна седница

Синоќа во југостичноиот дел од земјата, милитанти на забранетата Курдска работничка партија убиле петнаесетина турски војници, соопштуваат локалните власти.

Од турската армија сѐ уште не ја прецизирале бројката на загинати, но во случај да се потврди истоимениот број, тоа ќе биде најсмртоносниот напад на курдските бунтовници по неуспехот на договорот за прекин на огнот во јули.

Со страв и трепет се соочуваат претседателот Реџеп Таип Ердоган и премиерот Ахмет Давутоглу, кои одлучија да свикаат итна седница во Анкара учество на главните цивилни и воени власти.