Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеХаос во Скопје: Половина град под вода, возачите загрозени

Хаос во Скопје: Половина град под вода, возачите загрозени

Скопје е погодено од невреме, составено од обилни врнежи на дожд кои предизвикаа поплави на поголем број на сообраќајници во Скопје, прекини во снабдувањето со електрична енергија и голем број на скршени и паднати дрвја.

Паркинг и улица во изградба се урнаа во јама ископана за изградба на нова зграда во скопската населба Аеродром вечерва. Поради невремето улицата која е во изградба и поминува паралелно со булеварот „Трета македонска бригада“ се наполни со вода, по што за кратко време водата почна да претекува во ископината на градилиштето, објави Телеграф.

Дел од улицата пропадна во јамата, а почна да се урива и дел од паркингот пред зградата со број 43. на булеварот „Трета македонска бригада“. За малку беше избегната и трагедија. Едно возило со две девојки помина врз паркингот, неколку мига пред тој да се урне во длабоката јама на градилиштето. Поради свлечиштето кое се појави, пукнаа дел од водоводните цевки кои поминуваат покрај улицата во изградба, а пропаднаа и дел од шахтите.

Клучката кај Континентал е непроодна. Сите екипи на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје интервенираат на терен во насока на оспособување на сообраќајниците каде се појавија поплавувања, се вели во соопштението од град Скопје. Апелираме до граѓаните да останат во нивните домови и да не излегуваат со возила се додека не престане невремето и не се создадат услови за нормално одвивање на сообраќајот, додаваат тие.

Кај кружниот тек на булевар Србија кај фабриката „Усје“ необележан ископ кој бил поплавен од обилните дождови, за малку не бил причинта за голема трагедија. Во ископот пропаднало возило во кое се наоѓале две жени, кои за среќа биле извлечени навреме со што била избегната голема катастрофа – објави Инфомакс.
usje_kola_propadnata2