Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионХаос и паника во Лезбос, беснеат пожари во бегалски камп

Хаос и паника во Лезбос, беснеат пожари во бегалски камп

Голем пожар на островот Лезбос кој го зафати и бегалскиот камп Морија предизвика масовна паника и околу 4000 мигранти побегнале, што за да се спасат, што за да искористат можност да го продолжат транзитот кон ЕУ државите, па токму затоа полицијата се сомнева дека пожарот е и намерно подметнат.

„Меѓу три и четири илјади имигранти побегнаа од кампот Морија“, изјавил полициски извор за AFP, додавајќи дека силниот ветер го засилува огнот. Истиот соговорник на агенцијата наведува дека е голема веројатноста дека пожарот е подметнат.

Ова не е првиот пожар кој избувна во овој пренатрупан камп, но никогаш досега со вакви размери. На егејскиот остров Лезбос во моментов се наоѓаат 5.650 бегалци и имигранти, на просторот кој може да прими 3,500 лица, според податоците коишто во понеделникот ги објави владата во Атина. Повеќето од имигрантите побарале азил и на овој остров го очекуваат одговорот.