Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаХан: Законот за јазиците не е дел од Договорот од Пржино и ЕУ не го бара

Хан: Законот за јазиците не е дел од Договорот од Пржино и ЕУ не го бара

Еврокомесарот Јоханес Хан денеска во Скопје оцени дека законот за јазиците е разумно барање, но дека властите треба направат приоритети и да се фокусираат на областите за кои ќе добијат позитивни оцени според постигнувањата.

– Ако законот за јазиците се усвои во следните неколку недели, врз основа на препораките на Венецијанската комисија, тогаш е во ред. Но, тоа што сега е важно е Владата и другите фактори во земјата да се фокусираат на законите и на условите во земјата кои се релевантни за позитивна препорака. Законот за јазици не дел од тоа што е договорено во Пржино – рече Хан, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како го коментира носењето на законот.

Тој рече дека во Брисел се посветени и се залагаат за носење на ваков закон, но дека сега треба да им се даде приоритет на националните интереси.