Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаХан утре ќе се сретне со Заев и ќе учествува на седница на Владата

Хан утре ќе се сретне со Заев и ќе учествува на седница на Владата

Еврокомесарот за добрососедска политика и проширување Јоханес Хан утре ќе присуствува на седница на Владата посветена на реформските приоритети, а потоа ќе има заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев, соопшти владината прес-служба.

Хан пред почетокот на седницата ќе има тет-а-тет средба со Заев, а потоа и со владина делегација составена од вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Како што соопштија од владината служба, претставниците на медиумите ќе може да фотографираат и да снимат инсерти на почетокот на средбите и на седницата на владата, а останатите детали од разговорите ќе бидат соопштени на заедничката прес-конференција.

Остатокот од агендата на еврокомесарот се уште не е позната, односно се уште нема детали кога и каде ќе се сретна со лидерите на политичките партии,