Monday, Dec 18, 2017
HomeДЕНЕШНАПолитикаХан ургира да се реши кризата – Создадете демократска култура

Хан ургира да се реши кризата – Создадете демократска култура

Евро комесарот Јоханес Хан во интервју за Радио Слободна Европа порачува македонските политички лидери што побрзо да постигнат компромис и да стават крај на политчката криза и повеќе да не се губи време во евроинтеграциите, но и во решавањето на домашните проблеми и превземање на неопходни реформи.

Хан повторно потенцираше дека треба да се почитува договорот од 2 јуни со кој е предвидено организирање на предвремени избори во април следната година и треба да се создаде демократска атмосфера и институции кои ќе го подготват теренот. Пораката до лидерите е да не се губи време во тешка економска ситуација и дека во демократијата мора да има компромис.

До 20 ти јули има доволно време за напредок и покажување на добра волја и од власта и од опозицијата, а тогаш подетално ќе се разговара за напредокот на земјата со високиот претставник на ЕУ, присуство на претставници на Владата и самиот Хан.