Tuesday, Apr 23, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмХан Соло ќе пука прв во новиот Star Wars филм

Хан Соло ќе пука прв во новиот Star Wars филм

Хан Соло како еден од најголемите филмски фраери на сите времиња кој секогаш пука прв конечно ќе добие соло филм во Star Wars франшизата, а приказната ќе ја следи неговата младост и авантурите како интергалактички шверцер.

han solo2

Во поп културата секогаш ќе остане запаметен актерот Харисон Форд кој го глумеше Хан Соло во оригиналната трилогија, а ќе го видиме и во новите филмови почнувајќи од The Force Awakens овој декември. Затоа сега се бара неговиот наследник кој ќе го превземе ликот на Хан Соло, а според харизмата и талентот одличен избор би бил Бредли Купер иако има уште многу одлични актери кои совршени би „влегле“ во ликот.

Премиерата на соло филмот за Хан Соло е закажана за 25 мај 2018-та, а за режисери се одбрани Кристофер Милер и Фил Лорд кои имаа многу успешни проекти како The Lego Movie и комедијата 21 Jump Street. Што мислите вие, кој актер вие би сакале да го видите како харизматичниот Хан Соло придружуван од Чубака.