Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаХан со набиена агенда – Средби за политичкиот договор и мигрантите

Хан со набиена агенда – Средби за политичкиот договор и мигрантите

Јоханес Хан, еврокомесарот за проширување на ЕУ денес ќе пристигне во Скопје каде ќе има одвоени средби со лидерите на четирите најголеми политички партии со цел да направи увид до каде е спроведувањето на политичкиот договор од Пржино и да продолжат Претпристапните разговори на високо ниво. Хан ќе ја види и состојбата со мигрантите, па затоа ќе го посети и прифатниот камп во Гевгелија.