Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаХан разочаран и лут поради изјавите за менување на границите на Балканот

Хан разочаран и лут поради изјавите за менување на границите на Балканот

Европскиот комесар за Јоханес Хан денеска ги отфрли како неприфатливи и контрапродуктивни изјавите на одредени лидери од Западен Балкан кои имплицираат промени на границите.

– Изразувам разочарување и можам да кажам и лутина поради изјавите на одредени лидери во регионот. Ваквите изјави, кои можат да бидат протолкувани како мешање во соседните земји и имплицираат измена на границите, не се прифатливи и се повеќе од непотребни и контрадиктивни – рече Хан по средбата со шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ во Брисел.

Албанскиот премиер Еди рама неодамна во интервју за порталот „Политико“ рече дека не ја исклучува унијата меѓу Албанија и Косово доколку продолжи да бледее перспективата на земјите во регионот за влез во ЕУ.

На прашање, дали таквата изјава е своевиден притисок врз ЕУ за прием на Албанија и Косово, Хан рече дека тоа е „погрешен впечаток“.

– Доколку некој верува дека таквата изјава може да изврши притисок, тоа е грешка. Таквата изјава може да има само контраефект. Треба да бидат свесни дека Европејците имаат силен интерес за мир, просперитет и стабилност во регионот, а тоа може да биде постигнато само преку добрососедски односи, каде сите работат заедно и придонесуваат за развој на регионот – рече Хан, притоа повикувајќи ги сите во регионот да се воздржат од таква реторика.