Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаХан и Чавков меѓу мигрантите на граница – Мора да се помогне

Хан и Чавков меѓу мигрантите на граница – Мора да се помогне

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан денешниот ден го искористи за увид во состојбата со мигрантите кои пристигнуваат од јужната граница, придружуван од министерот за внатрешни работи Митко Чавков. Хан и претходно најави дека мора да се разговара за помош на земјите од Балканот во приемот на мигрантите.

„Европската унија е заинтересирана да му помогне на системот на вашата земја за да се справи со оваа ситуација. Токму поради таа причина веќе во понеделник ќе дојде тим од Европската комисија кој заедно со експерти од вашата земја ќе ја направат вистинската проценка се со цел да ги идентификуваат потребите, опремата, човечките ресурси и финансиската помош која што ќе им биде потребна на вашите власти да се справат со оваа ситуација“, изјави Хан при посетата на Прифатниот центар за бегалци во Гевгелија.

Македонија може да се соочи со поголемо присуство на мигрантите со оглед на затворањето на границите во Унгарија, Хрватска и Словенија и нивниот транзит кон Западна Европа би бил успорен со што ќе мора да се размислува и за зголемување на прифатните капацитети и згрижување на бегалците за што се потребни големи финансиски средства.

Фото: republika.mk