Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаХан ги почна средбите со пораки: Нема време за губење, итно е потребна нова влада

Хан ги почна средбите со пораки: Нема време за губење, итно е потребна нова влада

Нема време за губење, итно е потребна нова влада, патот на Македонија кон Европската Унија е отворен, твитна еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, соопштувајќи дека почнал со разговорите со лидерите и претставниците со парламентарните политички партии.

„Почнаа разговорите во Скопје. Итно е потребна нова влада за реформи. Нема време за губење“, напиша Хан на „Твитер“.

Во друг твит тој нагласува дека „патот кон ЕУ е отворен за Скопје по последниот состанок на Советот на Европската Унија, но часовникот отчукува. Потребно е државништво наместо тактики. Економијата страда“.

Во моментов Хан е на средба со лидерот на Беса, Билал Касами.