Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаХан ги чека лидерите во Виена за да ја решат кризата

Хан ги чека лидерите во Виена за да ја решат кризата

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан ги повика лидерите на најголемите политички партии во Виена каде ќе треба за последен пат да се обидат да ја решат политичката криза и да најдат излез од неизвесноста за предвремените парламентарни избори закажани за 5 јуни.

Груевски, Заев, Ахмети и Тачи како потписници на договорот од Пржино ќе мора да одговараат и за негово реализирање, особено по неочекуваната и неоправдана одлука за општа амнестија на осомничените политичари за криминал.

Засега политичките партии не дале конечен одговор дали ќе учествуваат на средбата закажана за 22 април во петок, освен СДСМ што искажа дека прво ќе се консултираат со граѓанското движење „Протестирам“.