Saturday, Apr 20, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈАвтомобилизамХамилтон со пол позиција во Кина!

Хамилтон со пол позиција во Кина!

Возачот на Мерцедес Луис Хамилтон ќе стартува од пол-позицијата за утрешната трка за големата награда во Кина во рамките на шампинатот во Формула 1. Британецот втор пат оваа сезона беше најбрз во квалификациите, вкупно 63 пат во својата кариера.

Себастијан Фетел од Ферари го освои второто место, пред возачот на Мерцедес Валтер Ботас, Кими Раиконен (Ферари) четврти и Даниел Рикардо (Ред Бул) како пети.

Трката за големата награда во Кина ќе се вози утре во 08,00 по локално време, не очекува нова возбудлива трка.