Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАСветХакерите ги објавија податоците за швалерите

Хакерите ги објавија податоците за швалерите

Хакерите кои го пробија сајтот за изневерување Ashley Madison ги објави информациите од швалерите, вклучувајќи ги трансакциите, нивните лични податоци, меил адресите, банкарските детали, кориснички сметки и лозинки.

sajt preljubi

Тимот на хакери бараше итно затворање на сајтот Ashley Madison базиран во Торонто, Канада и ги оствари своите закани со објава на документите на „темната“ страна на интернетот каде може да ги искористат други хакери за уцена на корисниците и пробивање на нивните приватни информации.

Ashley Madison може да се соочи и со масовна тужба за недоволна заштита, но тоа ќе значи дека „швалерите“ ќе треба да се појават на суд и да се дознае дека го користеле сајтот за пронаоѓање сексуална афера надвор од брачните води.