Saturday, Apr 20, 2024
HomeГИГА БАЈТПЦХакери провалија 30 милиони швалери – Ќе објават голи фотки

Хакери провалија 30 милиони швалери – Ќе објават голи фотки

Хакери успеаја да го пробијат сајтот за кратки романси Ashley Madison и украле податоци за над 30 милиони корисници, од кои голем дел се швалери, а имало и случаи на договори за сексуални услуги и проституција.
Хакерите очигледно имаат висок морал бидејќи не бараат пари туку едноставно сакаат сајтот да биде затворен, можеби некој од нив има „скршено срце“ и разочараност од љубовта.

CougarLifeШегата на страна, хакерите и не се така безопасни бидејќи поседуваат огромен број на слики со разголени и провотативни содржини, а за жал приватноста на овие лица, без оглед на нивниот морал во спалната или друга соба мора да биде заштитена. Исто така никој не може да гарантира дека тие слики нема да протечат на интернет и засекогаш да уништат нечиј живот, кариера, семејство, углед.

Хакерите не успеале да ги срушат сајтовите Established Men кој служи за наоѓање на спонзоруши од богати мажи и CougarLife каде па обратно богати дами бараат млади момци за секс, што е дел од полулегалната проституција во Северна Америка.