Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионХакери ја нападнале веб-страната на бугарскиот претседател Плевнелиев, регистрирани сервери од Тајланд

Хакери ја нападнале веб-страната на бугарскиот претседател Плевнелиев, регистрирани сервери од Тајланд

Претседателската администрација соопшти дека е нападнат сајтот на бугарскиот претседател, при што на секое негово отворање се појавува натписот „This webpage is not available“. Констатирано е дека се оствариле од 30 до 50 милиони еднократни посети на сервери од Тајланд, веб-страната е нападната но не и хакерски пробиена.

Плевнелиев го објаснува ова како неслучаен и политички упад за кој очекува објаснување.


“За мене, овие хакерски напади не се случајни, за мене тоа е нов „атак“. Тие имаат за цел да ги подхранат сомнежите на граѓаните дека електронското гласање не би требало да е чесно, нема како да се успее. Откако еден или друг веб-сајт може да биде нападнат, како може да успее едно електронско гласање? Треба да се одговори кој ги  иницира овие хакерски напади кој платил за нив, кој од ЦИК даде инструкции да не се даваат билтени “, изјави Плевнелиев.