Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаХајндл прво ќе сослуша, па после ќе носи предлози

Хајндл прво ќе сослуша, па после ќе носи предлози

Јоханес Хајндл, специјалниот пратеник за Македонија назначен од германската влада, при пристигнувањето во Скопје посочи дека најпрво ќе се обиде да ги сослуша сите политички фактори во земјава за подобро да го разбере процесот и да придонесе во решавање на политичката криза по веќе наметнатите иницијативи на меѓународните партнери.

„Дојдов за да се запознаам со ситуацијата и првeнствено да ислушам. Станува збор за тоа, процесот кој е инициран од ЕУ и од САД да вроди со успех. Мојата задача ја гледам во активната поддршка на овие напори. Развојот во последните денови одново јасно покажува дека времето е кратко и сега е потребен заеднички напор од сите политички партии за да се спроведат потребните реформи и решително да се продолжи по патот“, порача Хајндл во изјавата објавена од страна на германската амбасада во Македонија.