Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаХајндл: Мора да има договор пред летните одмори

Хајндл: Мора да има договор пред летните одмори

„Договор за надминување на полтичката криза мора да има што поскоро, пред почетокот на летните одмори. За Македонија е мошне важно кризата што поскоро да се надмине бидејќи таа криза не е добра за инвеститорите кои и се потребни на македонската економија“, изјави германскиот специјален пратеник Јоханес Хајндл за НОВА.

Запрашан дали успешноста на неговата посета на Скопје е доведена во прашање поради тоа што не успеа да се сретне со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Хајндл одговора дека бил информиран дека Груевски е на приватно патување и дека одговорноста за состојбите е на политичките лидери.

– Мојата улога е посредничка, а одговорноста за состојбите е на политичките лидери и од нив зависи успешноста на процесот за надминување на кризата, смета Хајндл.