Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаХаџиски не се сеќава на убиството на Јошевска пред 22 години

Хаџиски не се сеќава на убиството на Јошевска пред 22 години

Миле Џаџиски по 22 години бекство седна на обвинителна клупа за убиството на Мери Јошевска извршено во 1993 година. Тој во своето сведочење кажа дека не се сеќава дека ја убил младата Мери, ниту дека украл од неа златен накит. Според неговото сеќавање на кобниот ден тој бил во нејзиниот стан за да земе пари за цигари кои ги препродавал, а меѓу нив настала расправија откако испиле повеќе алкохол.

Хаџиски вели дека не се сеќава на убиството, туку потоа се разбудил со крвави алишта кои ги сменил и излегол во кафиќ со пријателите каде вечерта бил уапсен. На Хаџиски два пати му се судеше во Македонија по што доби затворска казна од 15 години, но кога бил пуштен на слобода бидејќи рокот за притвор истекол побегнал од државата. Во Франција го сменил идентитетот и се придружил на Легијата на странци, а потоа има и сомнежи дека бил дел од криминалната банда „Пинк Пантер“.