Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГзим Острени ќе ги обедини Албанците со Унитети

Гзим Острени ќе ги обедини Албанците со Унитети

Како што се очекуваше поранешните незадоволни функционери и членови на ДУИ се отцепија и формираа сопствена партија Унитети (Единство) која започна како албанско движење, но сега прерасна во политичка опозиција во албанскиот блок предводена од екс пратеникот Гзим Острени.

Додека новата партија ги собира првите политички поени Али Ахмети, лидерот на Дуи порачува дека на албанците не им се потребни десетина партии кои ќе ги расцепкаат гласовите и на тој начин ќе освојат помал број на пратенички места, туку им е потребен силен репрезент во власта.

Од Унитети најавуваат сигурен настап на следните парламентарни избори и дека ДУИ повеќе нема легитимитет пред гласачите поради вазалскиот однос кон ВМРО-ДПМНЕ и неспроведувањето на реформи во политичкиот систем. Инаку Унитети популарно е нарекувана и военото крило на ДУИ бидејќи Гзим Острени беше началник на Генералштабот на ОНА.

Фото: Утрински