HomeФЕР ПЛЕЈФудбалГвардиола во Барселона: Дали ќе помине како со Баерн?

Гвардиола во Барселона: Дали ќе помине како со Баерн?

Фудбалерите на Манчестер Сити предводени од Пеп Гвардиола, вечер им гостуваат на Барселона во дербито од третото коло на групата Ц од Лигата на шампионите. Гвардиола прв пат со англискиот клуб доаѓа на стадионот на кој се прослави и како фудбалер и како тренер, а навивачите на домаќините, со должна почит кон некогашниот капитен и идол, се надеваат дека ќе помине исто како со Баерн, предминатата сезона во четвртфиналето кога резултатот беше 3:0 за Барса.

„Барселона игра на посебен начин, имаат тројца вонсериски напаѓачи кои прават разлика и кога ќе победат со 4:0 тие тоа го заслужуваат. Токму затоа доминираат во Шпанија последните 8-9 години, а во Европа се на врвот или барем во полуфиналето“, дипломатски изјави Гвардиола. Неговиот поранешен соиграч Луис Енрике, кој сега ги води Каталонците изјави дека не се слушнал со Пеп, но дека очекува атрактивен натпревар.

„Сити како клуб константно напредува, а уште повеќе од кога имаат нов тренер“, изјави Луис Енрике. Спектаклот ќе го следат речиси 100.000 гледачи на стадионот „Камп Ноу“ во живо и уште кој знае колку други пред малите екрани ширум планетата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com