HomeФЕР ПЛЕЈФудбалГвардиола подготвил 100 милиони, пристигнува конкуренција на Коларов?

Гвардиола подготвил 100 милиони, пристигнува конкуренција на Коларов?

Се чини дека Шпанецот во текот на зимата планира да направи вистинска реконструкција во одбраната на Сити. Да се потсетиме, Џо Харт беше принуден да си замине, пристигна Клаудио Браво од Барселона и сега тој е прв голман. Беше доведен и Стоунс од Евертон, Мангала замина во Валенсија, а Гвардиола сега бара бекови.

Прва мета за десната бековска позиција е Бељерин од Арсенал, кој е исто така желба и на Барселона. Арсенал му нуди нов договор на Шпанецот, доколку не го потпише до лето, би можел да биде ставен на продажба за сума од околу 50 милиони евра. На левата страна Пеп го има Коларов на кој ќе му биде понуден и нов договор, но бара и некој помлад фудбалер, што значи дека Клиши ќе биде продаден.

Изборот наводно паднал на одличниот Гају од Валенсија, а и тој би ги чинел околу 50 милиони евра. Во тој случај процесот на реконструкција на одбраната би бил завршен, а Гвардиола би потрошил голема сума на пари за дефанзивци. Се споменува и Бонучи кој го посакува и Челси, но малку е веројатно дека Јуве би се откажал од својот дефанзивец.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com