Thursday, Sep 24, 2020
HomeДЕНЕШНАРепубликаГужва на патиштата, за влез и излез од државата се чека до половина час

Гужва на патиштата, за влез и излез од државата се чека до половина час

granica

Околу половина час има задржување на граничните премини од македонска страна за влез и за излез од државата. Нормализиран е и сообраќајот кај тунелот Демир Капија каде поради сообраќајна несреќа беше затворена едната лента, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по суви коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Поради високите температури се препорачува патување во раните утрински и вечерни часови, да се прават почести одмори и да се конзумираат повеќе безалкохолни пијалоци.