Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаГувернерот загрижен за економијата поради политичката криза

Гувернерот загрижен за економијата поради политичката криза

Гувернерот на Народната Банка изрази загриженост за негативното влијание на домашната економија поради неизвесноста на политичката сцена и кризата која се уште не е решена. Токму затоа и проценките за растот ќе мора да се променат.

„Во април излеговме со проекција од 4,1 процент економски раст за оваа година. Веќе е јасно дека тој нема да се оствари, односно ќе биде понизок. Во моментов ги работиме проекциите и за недела до две ќе излеземе јавно и ќе кажеме колку се нашите најнови очекувања за економскиот раст во оваа, а и за наредната година“, изјави гувернерот Богов денеска по отворањето на Првиот регионален форум на Источна Европа и Централна Азија за финансиска вклученост, кој во организација на НБРМ се одржува во Скопје.

Неизвесноста од политичката криза негативно влијае на економските субјекти кои ги забавуваат инвестициските процеси и се претпазливи, па затоа потребно е побрзо решение и откочување на државните институции пред најавените избори во април.