Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаГувернерот рипна во одбрана на банките, политичари не се мешајте

Гувернерот рипна во одбрана на банките, политичари не се мешајте

Гувернерот на Народната банка, како институција која го регулира комерцијалниот банкарски сектор излезе со став против мешањето на политичките партии, во делот на нивната работа и располагањето со расположливите средства.

bankarska ulica

„Политичките партии да не ги мешаат банките во своите политички битки. Политичките притисоци врз банките се недозволиви и неспоиви со пазарната економија. Имајќи предвид дека најголем дел од банките се во странска сопственост, политичкиот притисок врз банките може да има катастрофални последици врз нивната перцепција за деловниот амбиент во Македонија и нивните идни планови. Деловните банки имаат целосна слобода и право самите да одлучат каде ќе ги пласираат своите ликвидни средства согласно со својата деловна политика“, е ставот на Димитар Богов објавен преку соопштение на НБРМ.

Во изминатите денови се водеше вистинска битка за спречување на ново задолжување на државата со обврзници од домашниот финансиски пазар вредно 100 милиони евра, по што опозицијата обвини се нерационално трошење на средствата на граѓаните и исцрпен буџет кој не ги остварува своите цели.