Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСветГувернерот на Индијана се нафати да му биде заменик на Трамп

Гувернерот на Индијана се нафати да му биде заменик на Трамп

Гувернерот Мајк Пенс ги прекина изборите за реизбор во сојузната држава Индијана и прифати да „истрача“ заедно со Доналд Трамп како негов заменик на претстојните претседателски избори во САД.

Пенс е еден од најуспешните конзервативци во редовите на Републиканската партија, има богати донатори кои ќе ја финансираат кампањата и може да обезбеди голем број на традиционални гласачи кои му се неопходни на Трамп. Тој му даде и целосна доверба на прелиминарните избори во Индијана.

Гувернерот е еден од ретките високо рангирани републикански политичари кој имаше голема поддршка за Трамп уште од самиот старт на контроверзната кампања кога партијата се обиде да го спречи милијардерот да ја добие номинацијата.