Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСветГутереш побара отстранување извештај од ОН со кој се обвинува Израел за апартхејд против Палестинците

Гутереш побара отстранување извештај од ОН со кој се обвинува Израел за апартхејд против Палестинците

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш побара регионална комисија на ОН, која ги претставува повеќето арапски земји, да го отстрани од својата интернет страница извештајот, со кој се обвинува Израел за „режим на апартхејд“ против Палестинците, изјави претставник на светската организација. Извештајот на Економската и социјална комисија на ОН за Западна Азија, која вклучува 18 арапски држави, заклучува дека „Израел вовел режим на апартхејд, кој целосно доминира врз палестинскиот народ“.

Обвинувањето, кое често го добива Израел од своите критичари, досега не беше направено од орган на ОН. Рима Халаф, шеф на Комисијата која го објави обвинувањето, денеска поднесе оставка, изјавувајќи дека била подложна на притисок од страна на генералниот секретар Гутереш да го повлече критичкиот извештај кон Израел. Генералниот секретар на ОН ја прифати нејзината оставка. Портпаролот на ОН, Стефан Дјужарик истакна дека извештајот е објавен без претходни консултации со Секретаријатот на ОН.