HomeДЕНЕШНАСветГутереш се поизвесен Генерален Секретар на ОН

Гутереш се поизвесен Генерален Секретар на ОН

По петтата рунда гласање за нов генерален секретар на ОН во Советот за безбедност, на првото место и понатаму е поранешниот португалски премиер Антонио Гутереш. Гутереш доби 12 позитивни, два негативни и еден неодреден глас, а Јеремиќ – осум позитивни, шест негативни и еден неодреден глас.

На второ место е кандидатот на Србија, Вук Јеремиќ, јави Танјуг. Министерот за надворешни работи на Словачка, Мирослав Лајчак во петтата рунда доби осум позитивни, седум негативни гласови додека аргентинската министерка за надворешни работи Сузана Малкора освои седум позитивни, седум негативни и еден неодреден глас. Претходната рунда беше одржана на 9 септември.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com