Friday, Apr 19, 2024
HomeАНТИСТРЕСЖуркиГурмански викенд на Скопско Кале – забавата е на Пиволенд

Гурмански викенд на Скопско Кале – забавата е на Пиволенд

По осми пат Скопјани ќе уживаат во Гурманскиот викенд со пиво – Пиволенд. Од втори до шести септември посетителите ќе вкусат над 30 пивски брендови, како и деликатесни гурмански специјалитети кои одлично одат со пиво.

Како и претходните години фестивалот ќе се одржи на Скопското Кале, збогатен со голем број забавни активности и игри кои ќе придонесат за уште подобра атмосфера. Фестивалот е во организација на „Темов“ и град Скопје.