Friday, Apr 19, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФотографијаСтартува „Арт поинт – Гумно“

Стартува „Арт поинт – Гумно“

Мишел Коноли од Австралија, Бети Брицељ од Словенија, Јошкин Шиљан од Србија и Леон Пачет од Обединетото Кралство (Шкотска) ќе гостуваат на четиринаесеттата интернационална уметничка резиденција „Арт поинт гумно“ во Слоештица која ќе започне утре, а ќе трае се до 6 јули.

Гостите се  реномирани светски уметници со богата професионална  биографија. Нивното творештво  е вистински рај за сите љубители на уметноста во нејзината најсуптилна и најсуштинска смисла.

Slika gumno

Отвореното студио на Меѓународниот центар за уметност „Арт поинт – Гумно“  традиционално е во организација на уметникот Сергеј Андреевски.