Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЃукановиќ: Зад протестите на опозицијата стои Русија

Ѓукановиќ: Зад протестите на опозицијата стои Русија

Мило Ѓукановиќ ја обвини Русија како главен мотиватор на големите протести кои ги предводи здружената опозиција во Демократски фронт и дека станува збор за можно спречување на земјата да се доближи до НАТО. Црна Гора под водство на Ѓукановиќво изминатите години беше најголем сојузник на Путин и во земјата влегоа големи руски инвестиции и тајкуни кои речиси го запоседнаа целото крајбрежје на Јадранското море.

gjukanovikj-2

„Тука всушност се води една сериозна стратешка борба, а тоа е борбата на НАТО, кој има амбиции своите вредности да ги шири и натаму на просторот на Балканот, на просторот на Европа, и онаа политика која всушност се противи на натамошното ширење на НАТО и која во ширењето на НАТО гледа опасност по себе“, смета Ѓукановиќ.

crna gora protesti

За Демократскиот фронт оцени дека е составен од голем број на просрпски елементи кои во минатото биле против независноста на Црна Гора, но дека истите немаат подршка од официјален Белград, а исто така нагласи дека Балканот не смее да биде дестабилизиран од тргнат од евроатланските интеграции. ДФ му даде ултиматум на Ѓукановиќ да си даде оставка, а во спротивно ќе ги засилат протестите.