HomeГИГА БАЈТГугл и Фејсбук со кабел ќе ги поврзат Лос Аџелес и Хонг Конг

Гугл и Фејсбук со кабел ќе ги поврзат Лос Аџелес и Хонг Конг

Фејсбук и Гугл се забранети и целосно блокирани во континентална Кина, но сега тие две компании одлучија да вложат во Хонг Конг, кој претставува посебна кинеска област. Градот ќе има пристап преку нивните платформи и служби стационирани или задолжени за азискиот континент.

Фејсбук и Гугл ќе „пуштаат“ кабел под Тихиот Океан, што ќе ги поврзува Хонг Конг и Лос Анџелес и ќе биде долг речиси 13.000 километри. Технолошките гиганти притоа, гарантираат супер брз пренос на податоци. Наместо да им го препуштат обезбедувањето потребна инфраструктура на телефонските компании, двата светски бренда решија да настапат заеднички но самостојно.

Фејсбук веќе работи на поставување кабли во Атлантикот, а оние во Пацификот би требало да бидат во уптреба дури во 2018. Тоа ќе биде всушност шестата подводна врска, проект во кој ќе учествува и Гугл. Околу податоците колку сето тоа ќе чини, се уште нема подробности.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com