Thursday, Mar 28, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосно„Ѓубрето“ од 90-тите денес вреди илјадници евра

„Ѓубрето“ од 90-тите денес вреди илјадници евра

Голем број на родители откако ќе пораснат нивните деца ги пакуваат играчките, видео игрите и стриповите во ќеси и кутии и ги сместуваат во подрумот или некаде каде што нема да сметаат. Но, ова навидум „ѓубре“ и предмети кои мислите дека повеќе нема да ви требаат може да имаат голема колекционерска вредност, бидејќи денес гиковите се дел од мејнстримот и поп културата.

Токму затоа ретките сетови на лего коцки, стари стрипови кои излегле пред 10 или 15 години, потоа ретки видео игри за Nintendo, Sega и PlayStation, стари играчки со суперхерои и анимирани јунаци, салфетки, плочи, албуми со сликички и други „артефакти“ може да вредат многу на аукциите на интернет. На пример играчките Furby кои на времето ги делеа во McDonalds сега се толки ретки што се продаваат по цена од 1000 долари, доколку се исправни.

Се што ја враќа носталгијата на 90-тите како „циглите“ мобилни телефони, оригиналните гејмчиња, тетриси, играчки од киндер јајца кои се години не се отпакувани, исто така може да вредат стотици долари, ако се најде вистинскиот пасиониран купувач. Денеска гик културата е на врвот, па токму тука се гледа можноста за цела нова индустрија за продажба на „стари“ предмети.