Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеГТЦ привремено куртули од Барок, ќе се реновира Жена парк

ГТЦ привремено куртули од Барок, ќе се реновира Жена парк

Град Скопје испрати соопштение дека поставените тараби околу ГТЦ не се наменети за негово фасадно преуредување во барокен стил, туку дека ќе започне обнова на Жена парк.

„Во наредниот период ќе се изврши реконструкција на пешачките патеки во паркот, ќе се постави ново осветлување, ќе се реконструира зеленилото, а на крај ќе биде поставена и нова урбана опрема. Градежните работи на терен ги извршува фирмата „Урбан инвест“ од Кавадарци, соопштуваат од Град Скопје.

Доцна вечерта се појавија првите слики на социјалните мрежи од оградата за градежни активности и веднаш се помисли дека ќе започне изведувањето на новата фасада и покривање на ГТЦ за што јавноста беше силно против иако референдумот во општина Центар беше неуспешен.