Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСветГрушко: НАТО создава нова "железна завеса" во Европа

Грушко: НАТО создава нова "железна завеса" во Европа

Руските дипломати потенцираат дека НАТО ја зголемува нестабилноста и тензиите во Европа. НАТО, користејќи ја украинската криза, создава нова „железна завеса“ во Европа, изјави денеска постојаниот претставник на Русија во Алијансата, Александар Грушко, цитиран од ТАСС.

Пактот беше создаден во годините на Студената војна со определени цели, пред се за таканереченото „запирање на Советскиот сојуз“, но сега се чувствува многу неудобно во услови на отсуство на противник, рече Грушко.

– Кризата во Украина беше искористена за НАТО да се врати кон своите „корени“ и врз основа на јавното мнение, а пред се во Западна Европа, да докаже дека НАТО и сега е неопходен и дека се занимава со реално зацврстување на безбедноста, забележа тој. Всушност, под паролата за таканаречаната „опасност од Истокот“ САД „ги притискаат сојузниците да ги зголемат своите расходи за воени цели“, смета дипломатот.
gruskoГрушко предупреди дека политичките игри за прашањето за приемот на Украина и Грузија во НАТО кријат опасни геополитички последици за цела Европа. Според него, прифаќањето на Украина во НАТО ќе ги подели не само Европа, туку и украинското општество и ќе има катастрофални последици за самата Украина. Тоа ќе создаде и „колосална напрегнатост во меѓународните односи“, посочи уште Грушко.

– Улогата на НАТО во украинската криза е крајно деструктивна. НАТО не ја игра улогата на организација која би помагала во разрешување на проблемот по мирен пат. Таа создава илузија дека се е дозволено, а тоа е крајно опасен пат“, посочи постојан претставник на Русија во оваа организација.