Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеГрупно труење на ученици во „11 Октомври“, општина Центар реагира

Групно труење на ученици во „11 Октомври“, општина Центар реагира

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, веднаш реагираше на јавувањата на загрижените родители, чии деца подлегнале на труење поради засега непознати причини во основното училиште „11 Октомври“ во Скопје.


„Согласно Законот за основно образование, веднаш се обрати до училишниот одбор и побара да се преземат итни мерки за спречување на ваквата состојба и веднаш да го информираат за преземените мерки.  Градоначалникот најави дека општината ќе ги преземе неопходните чекори, а за состојбата, како вонредна точка, ќе расправа и Советот на општината на седницата во вторник“, се вели во соопштението од Општина Центар.