Friday, Mar 29, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузика  Групата ,,Љубојна” вечерва свечено ги затвара 45те ,,Илинденски денови”

  Групата ,,Љубојна” вечерва свечено ги затвара 45те ,,Илинденски денови”

 

45 јубилејно издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри ,,Илинденски денови” вечерва ќе биде свечено затворено вечерва на ,,Храклеа”со концерт на групата Љубојна и македонски виртуоз на кларинет Исмаил Лумановски

Традиционално,затварањето ќе започне со доделување на наградите за најдобрите фолклорни групи и ансамбли кои во изминатите фестивалски денови понудија изворни, автентични и селектирани обработени фолклорни содржини инспирирани од изворните, а потоа во чест на наградените ќе биде приреден целовечерен концерт.

Во изминатите четири денови на фестивалот имаше околу 1.000 учесници, членови на КУД од државата, ансамблот „Македонка“ од Торонто, Канада и гости од Полска, Романија, Италија, Хрватска и Србија, кои синоќа на плоштадот „Магнолија“ приредија незаборавна интернационална вечер. Во рамки на фестивалот се одржаа повеќе придружни манифестации, работилница и изложба по повод јубилејот 40 години Државна изложба на детски ликовни творби на тема „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“.

Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ се одржува под покровителство на Собрание на Република Македонија